Македонија

Груби во притвор „дома“ уште 30 дена

Од 23 февруари о во куќен притвор, односно од истиот ден кога тој се врати во земјава по повеќе од една година бегство од органите на прогонот

Мерката куќен притвор, со 24 часовен надзор од страна на МВР, на Груби му е продолжен на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје.

Куќниот притвор на ексвицепремиерот и висок функционер на ДУИ му беше одреден на 23 февруари, односно истиот ден кога тој се врати во земјава по повеќе од една година бегство од органите на прогонот.

Ова е второ продолжување на изречената мерка за обезбедување присуство на Груби од страна на Кривичниот суд. Доколку Обвинителството во меѓувреме, односно по истекот на овие 30 дена побара ново продолжување на мерката, тогаш, според Законот за кривична постапка (ЗКП), за предлогот ќе одлучува Апелацискиот суд Скопје.

Инаку, Груби е второосомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Тој ја напушти земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага, а успеа да излезе од државата и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Груби тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета на Косово, наведувајќи дека штом ги заврши обврските ќе се врати дома.

Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот.

По повеќе од една година во бегство, на 23 февруари годинава експрвиот вицепремиер се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен од полицијата и спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари на издржување на мерката притвор што претходно му беше определена.

Најнови вести од: Македонија

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници.
Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

To top