Македонија

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор оти обвинителот не ја завршил истрагата?

На 22 август истекува рокот до кога Груби може да остане во куќен притвор согласно досегашната судска одлука

На само 17 дена пред истекот на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, Основното јавно обвинителство не открива во која фаза е истрагата, ниту дали ќе биде поднесено обвинение или ќе се бара продолжување на роковите за истражната постапка. На 22 август истекува рокот до кога Груби може да остане во куќен притвор согласно досегашната судска одлука, а Обвинителството не одговори на ниту едно конкретно прашање поврзано со предметот. „Скопје1“ побара леодговор дали истрагата е завршена, дали ќе биде побарано продолжување поради прибирање докази, што ја одолговлекува постапката и дали Артан Груби воопшто бил сослушан во Обвинителството. Одговорот што го добиле бил кус:

„Јавниот обвинител постапува во предметот имајќи ги предвид законските рокови и определените мерки за обезбедување. По донесување јавнообвинителска одлука, јавноста ќе биде известена“, велат од Обвинителството.

Пред речиси девет месеци, на 24 ноември минатата година, тогашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се обезбедени доказите потребни за кривично гонење на Груби. И покрај тоа, до денес нема обвинение ниту образложение зошто постапката сè уште не е завршена. Според информации на „Скопје1“, Артан Груби досега не дал исказ пред јавен обвинител, иако токму неговото сослушување е едно од процесните дејствија по кои обвинителот носи јавнообвинителска одлука дали ќе поднесе обвинение, ќе ја запре постапката или ќе преземе други дејствија. Груби е осомничен во предметот поврзан со Државна лотарија.

Обвинителството тврди дека како претседавач со владината седница овозможил на дневен ред да биде ставена и изгласана точка поврзана со спорната набавка. Сепак, одлуките на Владата се носат колективно, односно со гласање на министрите, додека Деловникот за работа на Владата предвидува дека генералниот секретар ги организира и ги подготвува седниците. Но, освен Груби, никој друг од тогашната Влада не е осомничен. Во истиот предмет осомничен е и Прпарим Бајрами, поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на Државна лотарија, кој е во бегство уште пред Груби.

Груби ја напушти Македонија непосредно пред отворањето на истрагата и околу 14 месеци не беше во државата. По неговото доброволно враќање, беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка, но таму остана помалку од два часа. По позитивно мислење и на Обвинителството, врз основа на безбедносни проценки од Агенцијата за национална безбедност, судот му ја замени мерката со куќен притвор. По враќањето во земјата, Груби изврши увид во доказите во Обвинителството, но, според информациите на „Скопје1“, сè уште не бил повикан да даде исказ пред јавен обвинител. Одговорот на прашањето дали до 22 август ќе биде донесена обвинителска одлука засега останува непознат.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top