Македонија

Груевски: Становите во „Панорама резиденс“ никогаш не биле мои, Камчев беше уценет да даде таков исказ

Поранешниот премиер го оцени случајот како политички монтиран процес

Поранешниот премиер Никола Груевски реагираше откако државата повторно ги стави на продажба трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“, конфискувани по правосилната пресуда во предметот „Плацеви на Водно“.

Груевски тврди дека становите никогаш не биле негова сопственост и дека целиот случај е политички монтиран процес организиран од тогашната власт предводена од Зоран Заев.

„По којзнае кој пат истите медиуми објавуваат дека наводни мои станови се запленети и се на продажба. Принуден сум повторно да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои и дека сето тоа е резултат на еден криминален, политички мотивиран судски процес“, напиша Груевски.

Тој посочи дека обвинителството не докажало дека платил пари за становите, дека бил нивен сопственик или дека постои каков било материјален доказ што го поврзува со нив.

Во објавата, Груевски повторно изнесе обвинувања кон поранешното Специјално јавно обвинителство, тврдејќи дека бизнисменот Јордан Камчев бил изложен на уцени и притисоци за да даде исказ против него. Според Груевски, Камчев ја променил својата изјава по закана дека ќе добие висока затворска казна.

Тој ја обвини и тогашната обвинителка Лиле Стефанова дека, по налог на поранешниот премиер Зоран Заев, вршела притисоци врз обвинетите.

Претходно, Агенцијата за управување со одземен имот објави нов оглас за продажба на трите луксузни апартмани во „Панорама резиденс“, со почетна цена од вкупно најмалку 2,46 милиони евра.

Груевски од 2018 година се наоѓа во Унгарија, каде доби азил, а постапката за негова екстрадиција сè уште не е завршена.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top