По изборите во Србија и падот на Вучиќ во Македонија невиден говор на омраза и талибански закани за уништување на споменици кои ги слават Србите.
Корисникот на Фејсбук Блаже Аризанов објави статус на Фејсбук во кој вели дека како Македонец не го интересирало победува на изборите во Србија, но дека го интересира кога ќе биде разнесен споменикот кај Зебрњак – „со динамит“.



Во коментарите под објавата, лидерот на партијата Македонски Концепт Петар Богојевски најавува веќе планирал да минира а Аризанов одговара дека е доброволец да го стори конкретниот чекор на минирање на споменикот Зебрњак во Куманово.
„Македонски Концепт планира да минира!“ „Доброволец сум да го стиснам копчето.“

Објавата и коментарите предизвикаа реакции на социјалните мрежи. Споменикот кај Зебрњак е познат меморијален комплекс поврзан со историски настани од Балканските војни.
Досега нема официјална реакција од надлежни институции во врска со објавата.