Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ѝ фрли ракавица на опозицијата, порачувајќи ѝ дека треба само да побара и ќе добие предвремени парламентарни избори.
„Здружената опозиција СДСМ-Левица-ДУИ нека поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот, ние ќе ја поддржиме и одиме на предвремени избори, договараме датум, тоа е тоа“, изјави тој во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Ние работиме како да имаме редовни парламентарни избори пролетта во 2028 година. Многу едноставно, нема простор за теории за заговори и сценарија. И да напушти Максим Димитриевски, Владата има 61 пратеник и повеќе од 61 пратеник“, додаде премиерот.