Најновиот крик за наводна дискриминација во однос на доделените стипендии од Министерството за образование и наука испровоцира реакција од адвокатот Умејр Муамеди.
„Пред неколку дена Албанец беше прогласен за најдобар студент на Економскиот факултети при УКИМ, кадешто 100 проценти од професорите се Македонци. Тоа не видов некој Албанец да го споделува.
Денес гледам се бунат зошто МОН доделил 737 стипендии на Македонци, а 80 на Албанци и дека наводно тоа било дискриминација.
Јас додека студирав имам добиено стипендија од МОН, исто така познавам и други Албанци што имат добиено стипендии од МОН. Без никакви врски.
За да добиеш стипендија од МОН има критериуми преку кои се врши селекцијата и нема шанси некој да испадне само затоа што е Албанец.
Мислам, аман веќе со овие глупости, Македонци толку, Албанци толку. Дај да се фокусираме веќе на квалитет“, коментира Муамеди на Фејсбук.