Просечната месечна нето плата на вработените во правните лица во Хрватска за септември изнесувала 1.543 евра, што номинално е на исто ниво како и во август, но реално е за 0,9 проценти помалку, објави денеска хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).
Во споредба со септември минатата година, просечната нето плата во Хрватска е номинално повисока за шест проценти, а реалниот раст изнесува 1,2 проценти.
Највисоката просечна нето плата во септември е исплатена во категоријата воздушен сообраќај и изнесуваше 2.431 евра, а најниската е забележана во производството на облека, каде што изнесуваше 1.004 евра.
Медијалната нето плата изнесувала 1.346 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку, а другата половина повеќе од споменатата сума.
Како што е наведено во извештајот, медијалната нето плата во Хрватска се зголемила за 6,8 проценти во споредба со септември 2025 година.
Во септември годинава, вработените во Хрватска работеле во просек 173 платени работни часа, што е за 4,8 проценти повеќе отколку во август.
Просечната нето заработка по час била 8,66 евра, што е за 3,9 отсто помалку од претходниот месец, а забележан е годишен раст од шест отсто, наведува ДЗС на својата вебстраница.