Тема: апелациски судија Ѓоко Ристов

Покренато обвинение против судијата Ристов: лично ги заѕидал 350-те илјади евра, пронајдени се биолошки траги од неговата ДНК!

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења недвосмислено го поврзаа него со парите, пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Клучниот доказ што го потврдува сомнежот е пронајдената ДНК на судијата на материјалите, конкретно на алуминиумската фолија, со која биле обвиени пакетите со пари.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top