Македонија

Хајредини до Османи за Законот за јазици: Што чекавте 20 години на власт

Не ги обвинувајте другите за сопствените грешки

Екс министерот за надворешни работи и евроинтеграции Бујар Османи доби незгодни прашања за Законот за јазици откако по заминување од власт се побуни зошто тој наводно не е спроведен.

Османи кој цели 20 години беше на власт со ДУИ сега смета дека единственото решение е автентично спроведување на Законот за јазици во сите институции.

Османи кој можеше да го реши проблемот сега бара спроведување без исклучоци и без преговори.

Екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини го потсетува Османи што правеше кога шеф му беше Заев.

,,Заев ве испрати, како хирург и координатор на автопатишта, да го браните законот откако беше одобрен во Собранието, пред Венецијанската комисија”, вели Хајредини и прашува:

, Зошто досега не го усогласивте законот за јазици со Уставот, како што ветивте, и зошто не го имплементиравте додека бевте на власт?
Не ги обвинувајте другите за сопствените грешки”, му порачува Хајредини на првенецот на ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството реагира на барањето на родителите – промената на обвинител не го забавува судењето

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

To top