Македонија

Меџити го предизвика Османи: Не се занимавај со театар, ајде да се соочиме во ТВ дебата, одреди место и време!

Наместо да се соочи во ТВ дебата со вистината за минатата влада и неуспесите на ДУИ, Османи го избира патот на политичкиот „глумец“ – вели Изет Меџити.

Изет Меџити, кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на општина Чаир, јавно го предизвика својот кандидат од редовите на Националната алијанса за интеграција Бујар Османи, поканувајќи го на отворен телевизиски дуел. „Нека не се занимава со глума и театар. Нека одреди место и време.Јас ќе бидам таму.“ – кажа Меџити. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Натаму порталот пишува: Во овој јавен предизвик, Меџити го повика Османи машки и јавно да се соочи пред граѓаните на Чаир. Бујар Османи пред неколку дена изјави дека сака дебата само со премиерот Христијан Мицкоски. „Османи знае дека лаже и затоа го поканувам јавно да се соочи со нас, да се соочи со нас каде што сака, во која било телевизија што сака.“ – посочи Изет Меџити.

Според Меџити, како што се приближува денот на изборите, до израз доаѓаат дволичноста и немањето искреност кај Бујар Османи, кој од една страна зборува за „храброст и транспарентност“, додека од друга страна избегнува директно соочување. Наместо да се соочи со вистината за минатата влада и неуспесите на ДУИ, Османи го избира патот на политичкиот „глумец“. Но, очигледно, овој пат неговото сценарио е откриено и јавноста јасно гледа кој бега од дебатата. – објави „Актуале“

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

To top