Македонија

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината по жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија.

Хаос и физички судири во албанскиот парламент. Пратениците на Демократската партија ја блокираа говорницата, превртуваа столчиња и фрлаа предмети кон претставниците на мнозинството. Фламур Нока му го грабна микрофонот на Таулант Бала и го фрли регулативата кон претседателот на парламентот, Нико Пелеши, додека пратеникот на демократите Фидел Крека го удри во глава поранешниот министер Ервин Хоџа со предмет за гласање.

Тензиите ескалираа кога Таулант Бала, шеф на пратеничката група на Социјалистичката партија, почна да зборува, а опозициските пратеници се обидоа да го спречат.

Пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, му се приближи на Бала и насилно му го оттргна микрофонот. Двајцата влегоа во вербална расправија, но бидејќи микрофоните им беа исклучени, не се слушна што си рекле.

Претходно, заменик-претседателот на Демократската партија, Белинд Ќелиќи, од собраниската говорница порача дека партијата целосно ги поддржува студентите и нивните барања.

По неговото обраќање, ситуацијата дополнително се влоши. Опозициските пратеници ги превртеа столчињата и се обидоа да го спречат гласањето за дневниот ред, во кој се вклучени неколку важни предлог-закони.

Тензиите продолжија во собраниската сала, додека за дневниот ред гласаа само пратениците од владејачката Социјалистичка партија.

Во меѓувреме, стотици демонстранти се собраа пред парламентот и побараа оставки.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж. Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаден за сите љубители на возбуда и адреналин.

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Црни прогнози на ОН за Македонија: ќе има само 868 илјади жители до 2100, за 960 илјади помалку одошто во 2024!

Обединетите нации прогнозираат драматичен пад на бројноста на населението во земјите на поранешна Југославија – од 18,3 милиони изброени во во 2024 година, до само околу 10 милиони до 2100 година.

To top