Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

Во воведното обраќање на Самитот на Берлинскиот процес, Мерц истакна дека, доколку се сака подобра иднина за младите генерации, земјите од регионот мора да избегнуваат говор на омраза и величење на воените злосторници, алудирајќи на Србија и на нејзините оддавања почит на Ратко Младиќ.

„Реториката на поделби и зголемената поларизација не можат да нè одведат кон попросперитетна Европа, а историјата нема добро да го оцени ова општество во овие сложени времиња. Во 2008 година, Берлинскиот процес го отфрли користењето говор на омраза и величењето на воените злосторници. Ако сакаме да создадеме подобра иднина за нашите деца, не треба да долеваме масло на огнот, туку треба да се придржуваме до европските принципи. Ова се однесува и на нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград, чиј застој го попречува напредокот на сите. Итно повикуваме на одговорност и напредок во оваа насока“, изјави Мерц.

Тој додаде дека разединувачката реторика и зголемената поларизација го отежнуваат остварувањето на придобивките од регионалната соработка и европската интеграција.

Мерц нагласи и дека членството во ЕУ е остварлива цел доколку земјите од регионот се решени да ги спроведат потребните реформи. Според него, промените мора да дојдат од самите земји од Западен Балкан, а успехот зависи од нивната меѓусебна соработка. Тој го спомена напредокот постигнат во изминатите 12 години од Берлинскиот процес во областите на слободното движење, инвестициите, туризмот и дигиталните услуги, нагласувајќи ја важноста од создавање заеднички регионален пазар.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top