Македонија

Хоџа: Трајни решенија и зелен пресврт во третманот на отпадот, водите и аерозагадувањето

Управувањето со депониите фокус на министерот Хоџа, најави и нула толеранција за загадувачите на воздухот

Министерството за животна средина и просторно планирање на системски начин го унапредува менаџирањето со водите и го усогласува  со стандардите на Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Мухамед Хоџа.

Одговарајќи на прашање на пратеникот Димитар Ковачевски, на Собраниската седница наменета за прашања од опозицијата, тој нагласи дека изминатиот период биле преземени значајни чекори за унапредување на тоа прашање, кое е во склад со заложбите на Владата за почитување на европското законодавство и воспоставување модерен систем за менеџирање со води.

– Овие процеси не се само декларативни, но се поткрепуваат со конкретни мерки, инвестиции и партнерство со меѓународните институции. Нашиот пристап е систематски и одговорен. На долгоророчен план градиме функционален систем, транспарентен и модерен, за менеџирање со водните извори, рече Хоџа.

Тој се осврна на дел од мерките што ги преземаат меѓу кои Програмата за менеџирање со води за 2026 година, која, како што рече, предвидува конкретни мерки за подобрување и снабдување со вода, заштита од поплави и намалување на загадувањето. Посочи дека се подготвени измени и дополнувања на законот за води, согласно Европската легислатива, опфаќајќи ја директивата за поплави со цел зголемување на транспарентноста, поголемо уредување на речните корите и хармонизирање на системот на тарифи.

– Во постапка е планот за менеџирање на водостој на реката Вардар 2028-2033 со поддршка на Швејцарската влада, која е во согласност со директивата на Европската Унија за води и поставување мерки. Се изготвуваат мерки против поплави за сите речни корите со ИПА средства, а се зголемуваат и инвестициите во водната инфраструктура со средства од Европската инвестициска банка, ИПА и други донатори кои се фокусирани на изградба и реконструкција на системи за снабдување со питка вода, третирање одпадни води и поплави, истакна Хоџа.

Во однос на прашањето на Ковачевски за Националната стратегија за управување со отпад 2024-2036 година и искористеноста на средствата за регионалните депонии во дадениот рок, како и забелешката дека доцни реализацијата на проекти во сите региони, Хоџа нагласи дека Министерството за животна средина работи за доброто на граѓаните и нивното здравје.

Тој нагласи дека управуањето со депониите е во фокус на неговата работа, дека е во првата фаза, дистрибуирана е потребната механизација во општините, а во подготовка е документацијата за објавување на тендер за избор на економски оператор, кој ќе ја изгради потребната инфраструктура во регионалните депонии во Пелагонискиот и Полошкиот регион.

– Не сум инспектор, но ги посетувам општините и следам како се одвива овој проект. Се согласувам дека овој проект е многу значен за нашата држава за управување со депониите, бидејќи сите општини се опфатени со овој проблем. Фокусиран сум со управување со депониите бидејќи ова е добро решение за еден проблем со кој се соочува целата наша држава, истакна Хоџа, нагласувајќи дека дивите депонии ќе бидат минато со изградбата на регионалните депонии. загадувачитеа

На прашањето за тоа кои мерки ги презема Владата за намалување на загадувањето на воздухот, Хоџа рече дека имаме нула толеранција за загадувачите и оти без разлика на функцијата сите дишиме ист воздух.

– Сите знаеме кои се најголеми загодувачи во нашата држава, почнувајќи од домаќинствата, индустријата, институциите…Фокусирани сме на реализација на предвидените мерки во краткорочниот план во зима и долгорочниот план кој ќе се реализира до 2030 година. Имав средба и со претставници на индустријата, невладените организацији и со граѓаните, и продолжувам со цел граѓаните транспарентно да бидат информирани за загаденоста, од каде доаѓа, рече Хоџа.

Потсети на најавата за јавна расправа за давањето или обновувањето на дозволите на големите индустриски капацитети во Скопје со цел јавноста да биде информирана за сите процедури, како и за регистар на загадувачи, од каде граѓаните ќе може да се информираат околу загадувањето што го прават индустриските капацитети.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Кафулиња и маркети ќе му плаќаат на „Комуналец“ за сопствени контејнери и собирање ѓубре

Од Град Скопје појаснуваат дека досегашната одлука не содржела одредби за оваа комунална дејност, поради што се наметнала потребата од нејзино дополнување. Со новите измени, ЈП „Комунална хигиена“ се утврдува како единствен овластен субјект за собирање и транспорт на комуналниот комерцијален отпад на територијата на градот.

To top