Македонија Бизнис

И функционери и газди на приватни фирми

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо објави дека 41 од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери, се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма. 23 од овие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми кога доставувале изјава за интереси до ДКСК. „Истражувањето за откривање евентуални судири […]

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо објави дека 41 од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери, се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма.

23 од овие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми кога доставувале изјава за интереси до ДКСК.

Истражувањето за откривање евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ при јавните набавки кај политички експонираните лица“ покажа дека преку Регистарот на вистински сопственици се откриени сопствеништва во фирми на политички експонирани лица (градоначалници и министри), кои не им се пријавени во изјавите за интереси доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Разликите во податоците за бизнис-интересите на функционерите укажуваат на отсуство на соодветна проверка и верификација на точноста на податоците и во Регистарот на вистински сопственици, и во изјавите за интереси што избраните и именуваните лица ги доставуваат до ДКСК, објави Плусинфо.

Фирми во сопственост на градоначалници и поранешни министри добивале договори за јавни набавки, концесии и лиценци доделени од државни институции.

„На граѓаните, новинарите и граѓанските организации им е оневозможено активно да учествуваат во откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ од страна на носителите на функции.

Регистарот на вистински сопственици не е јавно отворен и за информациите во него се плаќа, а податоците за бизнис-интересите на функционерите во јавно достапниот електронски систем на ДКСК се нецелосни“, се наведува во извештајот…

ПОВЕЌЕ

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

To top