Македонија

И на GROK му е јасно дека Македонците се нација најмалку од 1867 година

Сега останува македонската нација да не ја признаваат само уште тие што немаат природна интелигенција

 

И на алатката за Вештачка интелигенција на социјалната мрежа Х поранешен Твитер GROK му е јасно дека Македонците се нација најмалку од 1867 година.

 

Сега останува македонската нација да не ја признаваат само уште тие што немаат природна интелигенција.

 

Според информацијата објавена на Х весникот Weisskirchner Zeitung на 08.09.1867 година објавува годишен извештај на Оберреалшуле (повисоко училиште) во Панчевo (Pancsova на унгарски) според кој националноста на Учениците била следна:

55 Германци, 75 Срби, 9 Романци, 2 Македонци, 3 Хрвати, 3 Полјаци…”

 

На прашање до @grok дали овде Македонците се нација како што пишува дека се сите нации и како што денес сите други наведени се нации, а исто и Македонците, алатката за вештачка интелигенција одговара дека Македонците се нација како и сите други нации во тоа време.

 

,,Да, во извештајот од 1867 година, „Македонците“ се наведени како посебна националност, исто како Германците, Србите, Романците, Хрватите и Полјаците. Ова укажува на нивно препознавање како посебна етничка група, слично како и денес кога сите наведени се признати нации”, одговара супер алатката.

 

На дополнително прашање до @grok дали со одговорот признава постоење на етничка група македонски народ во 1867 година, слична на посебна нација алатката вели:

 

Да, во мојот претходен одговор признавам дека Македонците во извештајот од 1867 се наведени како посебна етничка група, слична на другите националности, што укажува на рана препознавање на нивниот идентитет, иако полниот национален развој доаѓа подоцна во 19. век.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top