Македонија

„Навистина разочарувачки“: Градоначалникот на Мелбурн за бојкотот од Македонците на парадата „Мумба“

Николас Рис се надевал дека „древните караници за знамиња и други работи“ ќе можеле да се остават дома

Николас Рис, градоначалник на Мелбурн, изрази разочараност што македонската заедница ја бојкотираше парадата „Мумба“ поради забраната за употреба на знамиња со Сонцето од Кутлеш.

„Тоа е навистина разочарувачки“, го цитира Рис австралиската телевизија Еј-Би-Си њуз. „Мислев дека ќе се најдеме таму и со нетрпение очекував да ги видам на парадата. Мислам, ‘Мумба’ е ден за забава. Тоа е време за семејна забава. Древните караници за знамиња и други работи навистина се надевам дека ќе можеме да ги оставиме дома и едноставно да излеземе и да уживаме во денот“.

Паралелно со образложението за бојкотот од Сојузот на македонските културно-ументички друштва од Викторија (ФОМКУД), Македонци од Австралија ги затрупаа социјалните мрежи со опис на Рис како продолжена рака на грчката заедница во Мелбурн.

Женет е со Гркинката Фелисити Пантелидис („Мојата прекрасна сопруга Фелисити е Гркинка, а моите деца растат како австралиски Грци, го учат грчкиот јазик и се сметаме себеси за дел од заедницата“), се потпиша како „Никос Рис“ на писмото до претседателот на Грчката заедница на Мелбурн, Бил Папастергијадис, неодамна ја повика британската влада да ѝ ги врати на Грција скулптурите од Партенон, на приемот за грчкиот амбасадор вети дека за време на својот мандат ќе предводи најголема делегација што тој град некогаш видел итн. се дел од аргументите изложени во објавата на Фејсбук-групата Macedonian Australian Pride.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top