Македонија

И новата шема на Бихаќка не функционира: Ги вратија коментарите на Фејсбук за да ги бришат

Цели 420 секунди траеше дозволата на СДСМ обични граѓани пак да можат слободно да им коментираат на Фејсбук

Новата шема на Бихаќка во која СДСМ ги врати коментарите на Фејсбук не функционира според очекувањето затоа што сега партијата почна да брише коментари што не и се допаѓаат.

Партијата најави дека ќе брише ботови и говор на омраза за прв да настрада реален лик кој поставува обично легитимно прашање.

Дека постот на Александар Миланов е избришан се гледа од друго прашање кое се уште стои на објавата со која СДСМ најави дека по забраната повторно ќе дозволи коментари од граѓаните.

,,Пошто враќате коментари, вратите го и коментарот од Александар Миланов кој што ви пиша името да го вратите и ви собра појќе лајкоој него ли гласоој на избори што имате 😅”, пишува извесен Иван Савески.

Миланов се чуди зошто СДСМ го блокирале неговиот коментар само 7 минути откако пак дозволи комантари.

А Миланов само побарал СДСМ да го врати и името кое го смени токму оваа партија.

,,Значи на најобичен коментар името да го вратат коментарите не треба да ги вратат комуњариве ме детектираа веројатно како вмро бот и го чиста интернет просторот од поделби и омраза и ме блокираа… Па добро бе ви собрав преку 50 лајка па да видев може некоја дејка убаа ми стаела лајк не треба одма панике да дигате и бришете коментари 7 минута од кој ги вративте коментарите утои едни утосани… Мрш мјау 🐾🥛🛏️”, пишува Миланов кој дефинитивно не е бот ниту шири говор на омраза.

Освен ако СДСМ не мисли дека прашање за враќање на името е говор на омраза некој на Бихаќка направил грешка.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

To top