Македонија

Може да има и ограничување на точење гориво, вели премиерот

Дневно се трошат до 150.000 литри гориво од странски возачи, што е околу 10 проценти од вкупната потрошувачка

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е подготвена да воведе ограничувања при точење гориво доколку се зголеми притисокот врз домашниот пазар, особено поради зголемената потрошувачка од странски државјани.

Иако во моментов нема рестрикции, Мицкоски јасно порача дека оваа опција е на маса и ќе се активира ако се појави ризик од нарушување на снабдувањето.

„Во овој момент не гледаме причина да го ограничиме точењето гориво, но доколку дојде до таков предизвик, ќе донесеме одлука со која ќе се ограничи конзумот и износот“,  изјави премиерот.

Според него, Македонија моментално има стабилно снабдување и доволни резерви, но зголемениот интерес од граѓаните од соседните земји веќе создава дополнителен притисок.

Дневно се трошат до 150.000 литри гориво од странски возачи, што е околу 10 проценти од вкупната потрошувачка.

Ограничено точење горива на бензинските во Словенија, особено за странци

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top