Македонија

И по три недели нема трага од 52-годишниот бугарски нуркач, кој исчезна во длабочините на Охридското Езеро

Охридско езеро

И по три недели нема ни трага од 52 годишниот Илија Танчев од Бугарија кој исчезна додека нуркал во водите на Охридското езеро на длабочина од 89 метри. Ова ја неметнува дилемата колку е безбедно да се нурка на оваа длабочина и дали бугарскот нуркач се впуштил во крајно ризична авантура? Охридското езеро не е едноставно за нуркање,туку доста специфично,посебно на големите длабочини.Од друга страна,во нуркањето постојат правила и протоколи кои мора да се почитуваат вели охриѓанецот Горан Балев кој со децении се занимава со овој екстремен спорт.

Иако езерото е изразито провидно, на големи длабочини над 70 метри температурата на водата е околу 7 степени што создава физиолошки проблеми во телото и поинакви хипервентилации.Нуркањето е комплексна наука,потенцира Балев.Тој се сомнева дека телото на нуркачот воопшто ќе биде пронајдено без меѓународна помош и соодветна опрема.Македонија вели тој,има исклучително подготвени нуркачи како во клуповите така и во полицијата и војската, но проблем е опременоста.

“И да имаме знаење, треба опрема не можете вие без адекватна опрема да слезете на таа длабочина.Само да слезите е проблем, а тек да пребарувате давеник е изразито тешка и специфична работа.Било какво вака барање со компримиран воздух со нешто што не е спремно мислам дека ќе се направи преголем ризик и за екипата која го пребарува.По мене треба да се побара помош од надвор” –вели Балев

До сега бил направен обид да се лоцира телото со сонар,од полицијата велат дека се трага по исчезнатиот нуркач.

https://youtu.be/lqRVToRuGck?si=UyQhFAYRcyi_hWZS 

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top