Македонија

И специјален дрон не успеал да го пронајде телото на бугарскиот нуркач

Новиот обид за вадење на телото се случил во присуство на бугарски претставници

Специјален подводен дрон не успеал да го пронајде телото на бугарскиот нуркач кој го загуби животот во близина на селото Трпејца во Охридското езеро.

Потрагата по бугарскиот нуркач на возраст од 52 години почна веднаш по инцидентот но екипите на МВР, Црвен Крст и нуркачкиот клуб Амфора не успеа да го извадат телото.

Потрагата по лицето од Бугарија кое исчезна при нуркање во водите на Охридското Езеро деновите продолжила со специјален подводен дрон кој ја истражувал локацијата каде што последен пат нуркал И. Т.

 

Во придружба на претставници на бугарската амбасада во Скопје специјалниот дрон пребарувал поширок терен од акваторијата на езерото кај селото Трпејца но за жал без успех, информираат неофицијално извори поврзани со пребарувачите тимови.

 

Надлежните служби засега не даваат официјални информации за случајот, бидејќи се уште трае истрагата по нуркачот, а предметот се третира како случај на исчезнато лице.

 

Настанот се случи во саботата (9 август) кога во 13:15 часот до полицијата било пријавено дека лицето И.Т. (52) од Бугарија исчезнало при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро на потегот пред селото Трпејца.

 

Според непотврдени информации, исчезнатиот влегол во езерото заедно со друго лице, при што вршеле техничко нуркање. Наводно, на себе имал тешка опрема за нуркање и појас со тегови што дополнително ја усложнило ситуацијата.

 

Потрагата деновиве треба да продолжи со ангажирање на специјална опрема која треба да дојде од странство.

Најчитани статии

 

Историски изгорен од Берлински и Букурешки договори Македонецот е претпазлив и од Аљаскини и Московски договори

Македонецот да не се воодушевува од средбата Трамп – Путин, така и нему му ја кројат судбината – апел на новинарот

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top