Македонија

И во медицината ќе се применува вештачка интелигенција за подобрување на дијагностиката

Здравствениот систем на 21 век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација во Скопје, во организација на Комората на приватно здравство на Македонија.

Применаата на вештачка интелигенција има голем потенцијал да ја подобри дијагностиката, персонализираната медицина, откривањето нови лекови и молекули кои ќе овозможат одредени болести многу подобро да се лекуваат со помалку нус појави. Исто така, таа ќе помага во намалувањето на времето коешто лекарите и медицинскиот персонал го трошат на административно работење. Ова се дел од заклучоците од овогодишното издание на „HEALTH INNOVATION EXPO 2025“ – најсовремениот Саем за медицина, стоматологија и фармација, кој денеска и утре се одржува во Скопје.

На Саемот беше посочено дека вештачката интелигенција треба да биде интегрирана заедно со медицинскиот персонал со лекарите и таа ќе даде дополнителна вредност, односно дополнителна способност и вештина на медицинските лица во обезбедување подобра здравствена заштита на самите пациенти, а не нивна замена.

Министерот за здравство, Азир Алиу истакна дека дигиталната трансформација во здравствениот систем не е едноставна, бидејќи, како што рече, еко-системот во секоја земја е комплициран.

  • Ценам дека чекалните со пациенти кои имаат папки и ќесиња со документи треба да биде минато, историја. Знаете дека еден од клучните пет столба кои ги имаме како Министерство е дигиталната трансформација. Дигиталната трансформација во здравствениот систем не е едноставна, бидејќи еко-систем како во секоја земја е комплициран. А кога се прави свичување од еден во друг процес, дигитализирање на процесите, тогаш треба и обуки и заеднички пристап и на приватните и државните институции со цел таа дигитална трансформација да не биде скенирање и дигитализација на документи, туку да донесе автоматизирани и дигитализирани процеси во здравството, рече тој.

Министерот нагласи дека за да имаме алгоритми што обработуваат и алармираат за некој процес во здравството, вие морате да имате интегриран систем кој што црпи податоци од секоја здравствена институција во државата.

  • Првиот наш чекор беше тоа – мапирање на здравствените институции и од аспект инфраструктура, човечки капацитети и сервиси коишто ги нудат. Еден од податоците веќе е јавно достапен на нашата веб-страна и веќе имате податоци за здравствени институции обработени од нашиот систем. Многу скоро, најверојатно за недела-две ќе имаме прес-конференција за човечките капацитети во државата кои ги кластериравме на доктори, медицински сестри, технички персонал. Врз основа на тие податоци на човечки ресурси, ние ќе треба да дефинираме и мапираме кој тип на протоколи ќе ги дефинирани, а поврзани со дигиталните процеси во здравството. И понатаму сите алгоритми поврзани со вештачката интелигенција ќе бидат алатки коишто ќе помагаат на дневна основа и за медицинскиот персонал и за докторите, но и за пациентите. Тие се алатки коишто постигнуваат интеракција помеѓу здравствениот систем и пациентот и целта на тие алатки не е да се менува доктор со машина или алгоритам, туку тие да бидат алатки што ќе помагаат и ќе носат здравствени услуги кои ќе бидат во реално време, попрецизни и достапни од секоја точка. Фактички, здравството да биде поблиску до граѓаните, а не граѓанинот да трча по здравствени институции, рече тој.

Алиу информира дека веќе работат на пилот проект во два града – во Дебар и во Делчево за теле-медицина. Потенцира дека работат и на измени на 12 закони кои се однесуваат на здравствената заштита.

  • Ќе имаме центар за теле-медицина, кој во првата фаза ќе почнеме и веќе е при крај проектот за консултации помеѓу специјалисти и пациенти во овие два града и понатаму ќе се развие тој протокол за да може да биде дел од здравствената инфраструктура и теле-медицината. Во моментот работиме на промена на 12 закони – во Законот за здравствена заштита ќе има поглавје за дигитална трансформација на здравството, бидејќи во моментот немаме дефинирани протоколи за нудење на здравствени услуги преку теле-медицина или преку дигитални алатки. Сите здравствени институции се известени од страна на Министерството за здравство. Технички гејтот е отворен, значи имаме двојна комуникација помеѓу нашиот систем и здравствени систем. Идејата е дека државата треба да креира протоколи и правила, додека сите здравствени институции во државата треба да ги следат и да се адаптираат на тие протоколи и правила и тоа ние го направивме – креиравме стандарди и протоколи за комуникација помеѓу институциите и тоа е во согласност со европските стандарди. Ние мора да креираме здравствен систем кој ќе биде централизиран и за кој ќе имаме јасна здравствена слика за секој наш граѓанин, без разлика дали тој црпи здравствени услуги од приватна или државна здравствена институција, рече министерот Алиу.

Алиу истакна дека лекарите не треба да се плашат дека вештачката интелигенција ќе им го заземе местото во здравствените установи.

  • Не треба да се плашат. Мојот докторат е поврзан со медицина. Јас пред околу 15 години имав докторат кој се поврзува со дигитализација и детектирање на мирко-фалсификати во радиологија. Тогаш беа првите почетоци на тоа како треба технологијата да биде дел од здравствениот систем. И тогаш имаше вакви прашања – дали вашите софтвери ќе не менуваат нас како доктори? За наша среќа, денеска технологијата е дел од нивниот секојдневен живот и тие гледаат реално спас во дигиталните содржини и таа технологија е вклучена во нивниот секојдневен живот. Ние веќе имаме дигитални решенија кои се препознатливи не само кај нас, туку и надвор од државата. Како што е Мој термин, кој е функционален, функционира и е една добра база за дигитализација. Дигитална трансформација на здравството веќе постои кај нас, само треба да се надополни со други компоненти и елементи и да имаме здравствен систем во кој секој од нас папката за нашата здравствена картичка ќе ја имаме на нашиот мобилен телефон, а не да трчаме со папки и ќесиња пред доктор. Треба да креираме здравство во кое податоците ќе ги следат пациентите, а не пациентите да трчаат по податоци, рече Алиу и најави дека за брзо време ќе имаат прес-конференција на која ќе биде претставено логото – една ќесе и црта, со кое кесата веќе не треба да се носи и да биде дел од нас.

Најнови вести од: Македонија

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот од 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово

„Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?“ – нагласува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во обраќањето кон јавноста.

В.Л. пукал со службен пиштол во двор, а куршумите завршиле во соба на соседите – ќе одговара кривично заедно со уште еден полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top