Македонија

Ибрахими: Ахмети ја „продава“ како национална преродба победата во Брвеница, но таа е под правна власт на РМ како и сите општини со албанско мнозинство!

„Општина Брвеница доби претседател-Албанец, но лидерот на ДУИ Али Ахмети ја продава оваа победа како национална преродба! Брвеница е навистина албанска, но е под надлежност и правна власт на Република Македонија, исто како и сите други општини со албанско мнозинство. Според Уставот, Македонија е унитарна и централизирана држава, каде што суверен народ се Македонците. Додека Албанците, според овој Устав и ‘националните заслуги’ на Али Ахмети Ахмети остануваат народ од втор ред.“ – изнесува на својот фејсбук-профил Орхан Ибрахими. Тој е сега еден од основачите и лидерите на политичкото движење „Арберија“, кое дејствува во рамки на владината членка коалицијата „Вреди“.

Во објавата, која ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје, Ибрахими наведува: Албанскиот кандидат победи во Брвеница. Многу добро! Брвеница е навистина албанска, но е под надлежност и правна власт на Република Македонија, исто како и сите други општини со албанско мнозинство. И што е овој делириум, оваа екстаза на најназадните сили?! И кој победи? Али Ахмети, Арбен Таравари и „другите просветлени сили“!

Всушност, победија оние, кои се победени веќе 26 години! Сѐ што оставија тие во суштина беше противалбанско и во функција на словенските интереси.

Сите оние што имаат барем најмало познавање на Уставот на оваа држава знаат дека Македонија е унитарна и централизирана држава, каде што суверен народ се Македонците. Додека Албанците, според овој Устав и „националните заслуги“ на Али Ахмети Ахмети остануваат народ од втор ред.

Очигледно, „Али Ахмети ќе биде иднината“ на Албанците! Оваа „личност“ и оваа „нова напредна сила“! – нагласува Орхан Ибраими во својата објава на општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

To top