Македонија

Ибрахими: Цел ни е да победиме на изборите и со листите за градоначалници и со советничките листи во сите општини, каде што ќе учествуваме

Лидерот на партијата Алтернатива од коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими го одрази големиот оптимизам, кој владее во нивната коалиција на прагот на годинашниве локални избори, образложувајќи дека тој оптимизам се засновува врз мерењата на рејтингот на партиите во општините и согледувањата околу расположението на гласачите.

Лидерот на партијата Алтернатива од коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 изјави дека тие се стремат да победат во сите општини. Тој искажа увереност дека ќе имаат предност во победите во општините на локалните избори. Ова го објави ТВ 21.

Телевизијата ја цитира изјавата, што ја даде Зеќирија Ибрахими во овој контекст: „Тврдиме дека ќе победиме во сите општини и со кандидатите за градоначалници и со советничките листи. Но има многу листи, на кои воопшто не сме присутни, на пример во општина Чашка, има такви листи и во општина Охрид, каде што се настапува и со граѓанска листа. Има листи каде што ја почитувавме волјата на граѓаните, па се натпреваруваме со заеднички листи. Сигурни сме дека ќе имаме предност во победите во општините, а да не речам дека можеби ќе ги освоиме сите општини“, рече Ибрахими.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top