Македонија

Инспекторите на терен во маркетите и продавниците – засилено контроли, засега нема сериозни неправилности

Инспекциите секојдневно се на терен

Инспекциите секојдневно се на терен. Се чешлаат бензискки пумпи, супермаркети, мали трговци. Од сите се бара да се држат до ветеното, дека нема да има неоправдано зголемување на цените на основните прехрамбени производи. Според информациите од Министерството за економија, засега трговците се придржуваат до договореното.

Триесет екипи на „ДПИ“ се на терен. Засега нема потреба од казни, бидејќи трговците се држат до договореното со Владата. Единствено покачување беше забележано кај јајцата и маслото за јадење, поради влезните цени. Во вторник ќе биде готов извештајот кој Владата го побара од нас. Таму ќе бидат содржани сите податоци во однос на движењето на цените и почитувањето на договореното од страна на трговците“, информираат од Економија.

Резултат од инспекциските контроли и свесноста на трговците се отслика и во податоците од Државниот завод за статистика. Основните прехранбени производи во месец март поскапеле за помалку од половина процент во споредба со февруари. Само краток период цената на јајцата и маслото за јадење се зголемија, но потоа се врати во нормала.

Овие податоци ги потврдуваат и од бизнис секторот. Тие велат дека е време и македонските граѓани да го зголемат т.н. економски патриотизам и да купуваат домашни производи. Според дел од бизнис секторот, секогаш домашното е поефтино од увозното во време на вакви кризи, кога цената на нафтата оди нагоре.

„Не е срамота Владата да одлучи дека ќе протежира исклучиво тргување и купување македонски производи. Политиките секој треба да си ги креира на свој начин. Сметам дека е време да покажеме дека е време дури и за економски патриотизам, да знаат македонските граѓани дека можат да се потпрат на македонското производство и во таа насока да одат сите мерки кон производи и кон услуги“, вели Миле Бошков од Конфедерација на работодавачите.

Според бзинсимените и засегнатите страни, засега Македонија добро се справи со кризата. На долг рок сигурно ќе има предизвици, но преговорите помеѓу САД и Иран за завршување на војната даваат оптимизам дека и првомајските празници македонските граѓани ќе ги дочекаат без поголеми ценовни шокови од вообичаеното.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top