Македонија

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Институтот за јавно здравје неодамна отвори Психолошко советувалиште за деца и адолесценти

А токму како поддршка за младите, Институтот за јавно здравје неодамна отвори Психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници, прво од ваков вид во земјата. Пристапот до услугите ќе биде возможен со упат од матичен лекар преку системот „Мој термин“.

Целта е да се обезбеди организирана институционална поддршка за емоционални, семејни, училишни и лични предизвици со кои се соочуваат младите.

За тоа како ќе функционира ова советувалиште, гостин во овие вести е Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје.

 

Најнови вести од: Македонија

To top