Македонија

Има бугарска и македонска крв но не оправдува Бугарија да ги спасува македонските криминалци

Ја сакам својата Македонија повеќе од се’ , не терајте ме да бирам меѓу неа и Бугарија

Татјана Стојановска, советничка од независната листа за Карпош реагира емотивно за последните тензии меѓу Бугарија и Македонија.

Таа вели дека има мешана македонско – бугарска крв но не може да ја оправда Бугарија што ги спасува криминалците од Македонија.

Стојановска вели дека се чувствува ,,како најголем изрод” а делата на луѓето кои сеат зло семе најмногу ги погодуваат луѓето од мешани бракови како неа.

,,Имам и македонска и бугарска крв.
И се чувствувам како најголем изрод на овие простори.
Не оправдувам ниедна политика, ниту на мојата матична држава, Македонија, ниту на Бугарија.
Злото семе кое се создава со години го чувствуваат најмногу мешаните со крв.
И не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се’ да треба да бирам страна.
Немам страна.
Ја сакам својата Македонија повеќе од се’, тука нема компромис.
Го почитувам своето наследство од дедо ми кој беше Бугарин и се борел за слободна Македонија.
И не, не оправдувам Бугарија да ги спасува криминалците од Македонија за да докажува како Македонија не чини и ги прогонува Бугарите.
Секогаш имало продадени души и кај едните и кај другите.
И тие ја прават ситуацијата на оние кои се вистински мешани да мораат да изберат земја и наследство.
Некои небитни, криминогени ликови ви внесуваат омраза и гледам како секој ден расте.
Политичарите уживаат во тоа, демек си ја докажуваат поентата, и едните и другите.
И ни продаваат грижа за народот, додека го острат народот да мрази по национална основа.
Ќар од сето тоа имаат ликови кои треба да лежат затвор.
А стануваат популарни.

КАДЕ ТЕРАМЕ?

Најнови вести од: Македонија

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

To top