Македонија

IN MEMORIAM: Замина човекот со најдолг стаж како политичар на функција во Македонија

Во кариерата сменил 4 партии

На 67 годишна возраст почина Панчо Минов кој важи за еден од луѓето во македонската политика со најдолг стаж како политичар на функција.

Минов дипломирал на Факултет за политички науки а важи за политичар со најдолг стаж како градоначалник и пратеник.

Во кариерата бил член на повеќе партии: Либералната партија, ЛДП, ГРОМ и СДСМ.

Бил пратеник во Собрание на Република Македонија во првиот состав, од страна на Либерална партија во период од 1990 до 1998 година.

Од страна на ГРОМ во пратеничкиот состав 2016-2020 и од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024.

Бил и градоначалник на Општина Кавадарци во два мандата, од 2000 до 2005 година, од страна на Либерална партија, и од 2005 до 2009 како независен.

Иако даваше изјави дека може да гласа за промена на уставното име, Минов кој според многу информации бил под силен притисок на гласањето во Собранието не гласаше за Северна.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

To top