Македонија

Инфо денови во Свети Николе и Неготино: 22,3 милиони евра за грантови за 2.043 лица да отворат сопствен бизнис, за два дена над 1300 апликации

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино

Пред жителите на општините Свети Николе и Неготино заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова ги презентираа мерките од Оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемништво), каде јавните повици се објавени и сите заинтересирани можат да аплицираат до 3 јули.

– Оперативниот план за 2026 година е фокусиран на отворањето на нови работни места, а секако главна мерка е токму оваа за доделување на грантови за отворање на сопствени бизниси, каде годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, со што е мерка која опфаќа најголем процент од буџетот на Оперативниот план. Со оваа мерка овозможуваме 2043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година. Интересот е голем и за првите два дена пристигнати се повеќе од 1.300 апликации  – кажа заменик-министерот Ристески.

И оваа година Мерката „Самовработување – Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвидена помош до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Градоначалниците на Свети Николе Дејан Владев, на Неготино Марија Нацева, на Градско Киро Нацков, на Демир Капија Наталија Димитриева и на Росоман Ѓорѓи Крстевски ги повикаа жителите на овие општини да ги искористат поволностите од оваа мерка, како и од останатите мерки од Оперативниот план и да аплицираат на некој од јавните повици.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top