Македонија

Интервју за Експрес: „Стоп за брзата мода“ – Едукативна програма за создавање нови навики  

За одржливата мода и реупотребата на текстилот како дел од програмите на неформалното образование

 

Разговаравме со Катерина Златановска Попова од МАТА Скопје и Д-р Александра Шчибич Копиец од ФЕРИ Фондација – Полска, за нивниот заеднички Еразмус+ проект посветен на одржливата мода и реупотребата на текстилот како дел од програмите на неформалното образование на кои тие работат во изминатите неколку години.

 

Експрес: Александра, што Ве мотивираше да започнете проект за одржлива мода и какви резултати постигнавте со „Стоп за брзата мода“?

Александра: Нашата мотивација произлезе од потребата младите да разберат што стои зад „евтината“ облека – од загадувањето до социјалната неправда. Со проектот создадовме едукативни материјали и работилници кои им помагаат на учениците и наставниците да размислуваат критички, да рециклираат, и да креираат нови парчиња облека преку уметност и занаетчиство.

Експрес: Кои возрасти ги опфативте и како се користат материјалите што ги создадовте?

Катерина: Материјалите се наменети за стручните средни училишта, значи за млади над 15 години, и за нивните наставници како дополнување на веќе постоечката образовна програма. Создадовме ресурси кои обединуваат интерактивна игра за донесување на одлуки, кратки видео материјали, интервјуа и поткасти, презентации и упатства за наставниците, онлајн курсеви и 30 практични вежби кои можат лесно да се превземат и да се искористат како дополнителни едукативни материјали во наставата. Би сакала да споделам дека се достапни на Македонски, Полски и Англиски јазик и од нашето искуство од спроведените работилници во изминатите месеци би рекла дека нема никакви ограничувања на возраста и дека се прилагодливи и за помали деца и за повозрасни групи. Иако на почетокот појдовме со идејата да бидат во фукција на збогатување на наставните планови во стручните текстилни училишта, многу брзо согледавме дека интересот за темата е многу поширок и дека и гимназиите и основните училишта, но и невладини организации можат да имаат бенефит и да им најдат примена. Па така, од реакциите на наставниците би рекла дека можат да се користат во реализација на работилници и на часови по природни науки каде се разработува темата за екологија, англиски јазик каде може да се дебатира или пишува на темата за брза и одржлива мода, ликовно каде може да се спроведат искуствени работилници и учениците да учествуваат во процес на трансформација на својата облека, па дури и по предметот иновации и претприемништво. Можностите се огромни, и искрено се надеваме дека наставниците и едукаторите ќе пронајдат креативен начин да ги искористат за својата конкретна потреба и цел.

Тие се отворени ресурси, можат да се превземат директно од www.feriplatform.org.pl и се достапни за секој наставник кој сака да воведе теми поврзани со одржливост и креативна реупотреба.

 

Експрес: Какви вештини се развиваат кај младите низ овие активности?

Катерина: Развиваме креативност, тимска работа, емпатија, решавање на проблеми, ефективна комуникација, одговорност кон животната средина, но и практични вештини како шиење, поправка на облека, и презентирање на идеи и користење на дигитални алатки. Тоа се само дел од животните вештини кои остануваат долгорочно.

Експрес: Александра, како реагираа учениците и наставниците во Полска на темата одржлива мода?

Александра: Реакциите беа одлични! Многумина за првпат слушнаа за негативните ефекти од брзата мода. Преку практичните активности – како поправање облека или правење модни додатоци од отпад – учениците сфатија дека и тие можат да направат промена, а наставниците добија нови алатки за интерактивна настава. Наша желба и главна цел беше да поттикнеме свесност, љубопитност и да им отвориме нови погледи за нивните лични навики и за модата воопшто, и мислам дека никој не остана рамнодушен од сознанијата на колку многу начини модната и текстилната индустрија влијаат на животната среднина, загадувањето и експлоатацијата на човечките и природните ресурси.

Експрес: Што е најважната порака што сакате да ја пренесете преку овој проект?

Катерина: Нјаважната би рекла е дека модата може да биде одговорна и креативна во исто време. Не мора да купуваме ново за да изгледаме добро. Со мали чекори како реупотреба и грижа за облеката, секој од нас може да биде дел од решението а поздрава и почиста животна средина бидејќи предизвиците од загадувањето се исти насекаде.

Експрес: Дали планирате следни активности или продолжение на проектот?

Александра: Апсолутно! Интересот е голем и планираме нови обуки за наставници, како и локални акции со заедниците. Веќе гледаме како темата се шири низ училиштата и тоа е најголемата награда за нас. Проектот „Стоп за брзата мода“ е пример како европските иницијативи и меѓународните соработки можат да донесат конкретни промени во секојдневните навики, образованието и односот кон животната средина. Особено е значајно што преку вакви иницијативи се отвора простор за едукација на теми од глобално значење – како што се одржливоста и климатските промени – и тоа на начин што директно ги вклучува младите од генерацијата З како активни учесници, креатори и промотори на позитивни промени во образовниот процес.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top