Македонија

ИРЛ на Сашка Цветковска во напад на Героски кој објави информации за функционери на СДСМ во досието Кочани

Ако Героски врати по истиот принцип по кој е нападнат за јавноста ќе биде многу интересно

Невладината организација ИРЛ на Сашка Цветковска тргна во напад на новинарот Бранко Героски кој објави индиции за поврзаност на функционери на СДСМ со досието Кочани.

За ова досие ИРЛ преходно објави комуникации во кои ги нема од Героски посочените функционери на СДСМ.

По објавата на Героски, ИРЛ во нападот против него признава дека не ги спомнале функционерите на СДСМ затоа што според нив немало докази дека се инволвирани во криминал.

Со тоа од ИРЛ индиректно одговараат на прашањето кој е тој што одлучил да не се објавува информациите за функционерите на СДСМ кои се спомнуваат во посочената комуникација Оливер Спасовски, Сања Лукаровска, Благој Бочварски, Маричиќ, Маринела Тушева.

За разлика од информациите на Героски кој не го напаѓа ИРЛ и зборува само за една тема Кочани во нападот на ИРЛ кон Героски се користат ниски удари и непотврдени квалификации кои не се оправдани со ниту еден новинарски кодекс а Героски се обвинува за повеќе други ситуации за кои ИРЛ не дава никакви докази а истите немаат никаква врска со случајот Кочани.

Во реакцијата ИРЛ кон Героски користи лични ставови на Сашка Цветковска или други членови на невладината организација во обид да се дисквалификува колумнистот и новинар на Плусинфо и притоа тој се споредува со луѓе чие споменување треба да му ја намали новинарскиот легитимитет на Героски.

Во написот на невладината ИРЛ можат да се забележат низа тврдења кои благо кажано лесно можат да се квалификуваат како манипулации и обиди за искривување на реалноста.

За јавноста ќе биде многу интересно доколку Героски почне да го користи истиот принцип со кој тој е нападнат од ИРЛ при што може да имаме прилика да читаме стравични приказни за тажни лични приказни и судбини, корупција од највисок вид, криење на информации кои не се од корист за моќни фактори, злоупотреба на инфорамции за спроведување на бизнис интереси на моќни луѓе во политиката, блискост на обвинители со невладини структури а не се исклучуваат ниту материјали за користење на тешки дроги од луѓе кои што тврдат дека работат за јавниот интерес.

Целата реакција на ИРЛ за написот на Героски во целост:

„Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници или како Бранко Героски редовно ги „истражува“ ИРЛ, но никогаш олигархијата и мафијата.

По Зоран Божиновски, т.н. Буревесник, и разни анонимни твитер-профили кои тврдат дека истражувањето за Кочани било направено за да се заштитат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од една страна, па дури и Левица и Бугарите од друга, денеска Бранко Героски тврди дека сторијата се објавила за да се заштитат државниот јавен обвинител и поранешни функционери од СДСМ – Оливер Спасовски, Сања Лукаревска и Благој Бочварски.

За Бранко Героски, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес, што е не само контрадикторно, туку и штетно за јавноста и за засегнатите од пожарот во „Пулс“.

Неговите објави по ништо не се разликуваат од оние на анонимните твитер-профили и контроверзни медиумски ликови како Зоран Буревесник и Марјан Доказ.

Редакцијата на ИРЛ ги отфрла обвинувањата на Героски како неточни, злонамерни и штетни по јавниот интерес.

Во својата објава Героски сугерира дека ИРЛ намерно ги сокрила имињата на функционери од СДСМ за да ги заштити обвинителите и државниот јавен обвинител Коцевски, и да ја сврти приказната на штета на Владата.
„Кој и како одлучил кој дел од телефонската комуникација да ѝ го презентира на јавноста, а кој да го скрие?“ – прашува Героски, иако самиот не нуди одговор на ова прашање. Во истата објава тврди дека сторијата за Кочани е „нарачка“ од некакви мрачни сили, за веднаш потоа да признае дека не се разбира во истражувачко новинарство и не знае што е јавен интерес.

Во целата телефонска комуникација на Михаил Јованов, синот на сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, којашто била доставена до судот, а ја поседува ИРЛ, не постои ниту еден доказ дека тој или некој од обвинетите оствариле директна комуникација со Оливер Спасовски, Сања Лукаревска или Благој Бочварски.
Комуникацијата што ја објави ИРЛ се одвива исклучиво меѓу Михаил Јованов и даночните контролори Драган Паунов и Дуле Димитриев, како и други инспектори со кои тој имал директна комуникација. Оваа комуникација докажува директна и непосредна инволвираност во следниве дела: оддавање доверливи информации, злоупотреба на службена должност и примање поткуп.

Иако ги обвинува ИРЛ дека кријат информации, единствениот аргумент за тоа му е изнесеното тврдење дека одреден свиркач му дал само делови кои што тој ги побарал, што укажува дека Героски не е заинтересиран за целата вистина, причината поради која ние сме нападнати. Зошто, доколку имал пристап до информации од целата истрага, не ги побарал сите документи, нешто што би го направил и новинар почетник. ИРЛ, за разлика од Плусинфо, своите податоци ги провери и потврди од два независни извори, за што ни беше потребен исклучителен напор, време и ресурси. Доколку имал ваков пристап порано од сите други, тогаш зошто не и помогнал на јавноста и на жртвите да добијат квалитетна правда? Контрадикторно, тој смета дека ова сепак не е тема за која медиумите треба да известуваат.

Героски сугерира и дека ИРЛ го штити државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, што претставува невистина. Напротив, работата на овој обвинителски тим е и клучната критичка аргументација во сторијата на ИРЛ за што потврда се и бројните реакции од оваа институција по објавата.

Истражувачкото новинарство, особено она што се води според светски професионални и етички стандарди, подразбира обезбедување докази за сите тврдења и барање на втора страна. Задачата на новинарите не е да пласираат непроверени информации, туку да ја информираат јавноста објективно, точно и вистинито.

Героски има напишано многу објави, но ретко во интерес и одбрана на обичниот граѓанин. Наместо тоа, неговата работа често е посветена на промоција и заштита на моќни луѓе како Кочо Анѓушев, Јордан Камчев, Ратко Димитров, Жан Митрев и други пријатели и огласувачи.

ИРЛ, според Героски, е „лош општествен актер“ достоен за напад од неговото селективно перо, но во исто време, тој дава поддршка на медиуми како порталот „Доказ“, чиј сопственик Марјан Стаменковски беше уапсен со 90.000 евра во кеш, додека Героски дежураше пред неговиот стан.

Што објави преходно Героски Тука и Тука

Фото Илустрација:
Бранко Героски/Сашка Цветковска во прегратки на обвинителката Ленче Ристовска која е една од најблиските ,,конфиданти” на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Европскиот Совет да се почитува македонскиот јазик и идентитет

Мицкоски порача дека местото на Македонија е во Европската Унија, но само доколку Европа покаже фер однос и ги признае македонскиот идентитет, јазик и култура без условувања од источниот сосед

Муцунски: Целосно ги отфрлам дезинформациите дека постои било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти

Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти

To top