Македонија

Истрага против струмичанецот осомничен за обид за убиство на неговата сопруга

Осомничениот, 48-годишен, според информациите од Обвинителството, на 26 ноември оваа година, во семејната куќа во селото Просениково, при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши својата сопруга од живот

 

Основното јавно обвинителство во Струмица издаде наредба за покренување истрага против едно лице, бидејќи е осомничено за обид за убиство на неговата сопруга.

Осомничениот, 48-годишен, според информациите од Обвинителството, на 26 ноември оваа година, во семејната куќа во селото Просениково, при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши својата сопруга од живот.

„Ја зграпчил за главата и се обидел со шприц да ѝ вбризга одредена течност, најверојатно пестицид, во устата. Жртвата почнала да го турка и да вреска, додека нивните две малолетни деца, кои биле во другата соба, дошле да ја заштитат својата мајка.

Жртвата успеала да влезе во бањата, но осомничениот ја следел, ја турнал во кадата и ја згмечил со коленото, а потоа почнал да ѝ нанесува посекотини со нож на вратот, во близина на каротидната артерија. Децата се јавиле кај роднини кои успеале да ја разделат и спасат жртвата“.

„Во својот исказ пред обвинителот, жената потврдила дека подолг период била жртва на физичко и психичко насилство од страна на нејзиниот сопруг, но не се осмелила да го пријави тоа“, велат меѓу другото од Обвинителството, додавајќи дека обвинителот му предложил на судијата да му изрече мерка притвор на осомничениот.

Уапсен маж од Струмичко, на сопругата и нанел повреди со остар предмет, се обидел и со шприц да и стави непозната течност во устата

 

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top