Македонија

ИТН бара смена на известувачот за Македонија во ЕП поради „антибугарска“ декларација

Партијата Има таков народ на Слави Трифонов, која има еден европарламентарец и 17 пратеници во бугарското Собрание, ќе бара отстранување на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, поради „антибугарска“ декларација за југозападниот сосед на Бугарија. Според пратеникот од ИТН, Станислав Балабанов, партијата на европратеникот од коалицијата на Зелените и на Европската слободна алијанса […]

Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија

Партијата Има таков народ на Слави Трифонов, која има еден европарламентарец и 17 пратеници во бугарското Собрание, ќе бара отстранување на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, поради „антибугарска“ декларација за југозападниот сосед на Бугарија.

Според пратеникот од ИТН, Станислав Балабанов, партијата на европратеникот од коалицијата на Зелените и на Европската слободна алијанса во Европарламентот усвоила антибугарска декларација, во која се тврди дека Бугарија принудила државјани на Албанија да се самоопределат како Бугари, иако се Македонци.

„Вчера нашиот претставник во ЕП, Ивајло Валчев, испрати писмо до Роберта Мецола, во кое ги посочува вознемирувачките факти за начинот на кој се одвивале состаноците за извештајот за напредокот на РСМ, како и наведува примери за низа дејствија од самиот главен известувач, кои се спротивни на правилата и можат да го доведат во прашање интегритетот на парламентот“, рече Балабанов.

Во име на пратеничката група, тој побара реакција од премиерот Росен Желјасков, од претседателот Румен Радев и од министерот за надворешни работи Георг Георгиев.

„Да не дозволиме заткулисниот притисок однадвор од Бугарија кон РСМ да направи сè што е можно и да ѝ го отвори патот кон ЕУ, без да ги исполни условите за приклучување“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top