Македонија

Изборот на наследник на Бислимовски во собраниска процeдура

За местото претседател на РКЕ конкурираат двајца кандидати – Ацо Ристов, дипломиран електроинженер, кој во периодот од 2021 до 2025 година бил градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, магистер по економски науки, вработен во Регулаторната комисија за енергетика

Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница треба да предложи кандидат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика откако досегашниот прв човек на ова регулаторно тело Марко Бислимоски поднесе оставка од функцијата.

Седницата е закажана во 13 часот, а според информациите објавени на веб страната на Собранието.

За местото претседател на РКЕ конкурираат двајца кандидати – Ацо Ристов, дипломиран електроинженер, кој во периодот од 2021 до 2025 година бил градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, магистер по економски науки, вработен во Регулаторната комисија за енергетика.

Новиот претседател ќе дојде на местото на Марко Бислимоски, кој на чело на РКЕ беше речиси осум години.

Бислимоски поднесе оставка на 12 февруари, две недели откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против него.

Бислимоски се сомничи дека не ја одзел лиценцата на компанијата во јануари 2024 година, кога таа престанала да ги исполнува условите за трговија со нафта.

Најнови вести од: Македонија

To top