„ По долги години чекање и административни пречки, денес со гордост објавувам: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија“, соопшти Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Објектот беше затворен 11 години, односно од 2015 година, поради административни пречки и одложувања.
„ Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани “, нагласи Љутков.
Министерот додаде дека проектот е дел од подготовките на Скопје за апликацијата за титулата Европска престолнина на културата 2028.