Македонија

Избрани невестата и зетот за годинашнава „Галичка свадба“

Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на традиционалната манифестација

„Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на  Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации.

Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник“.

„Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката тешка и особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник –  место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.

Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар. За нив ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените, се наведува во соопштението на МЗ Галличник. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Рози Мицкоска на Глобалниот самит во САД: Во одговорен и достапен начин во нашата земја, веруваме дека дигиталната писменост мора да започне од најрана возраст

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот, учествува на Глобалниот самит во Белата куќа, во организација на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Ова е нејзиниот говор на Самитот кој МИА го пренесува интегрално

To top