Македонија

Рози Мицкоска на Глобалниот самит во САД: Во одговорен и достапен начин во нашата земја, веруваме дека дигиталната писменост мора да започне од најрана возраст

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот, учествува на Глобалниот самит во Белата куќа, во организација на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Ова е нејзиниот говор на Самитот кој МИА го пренесува интегрално

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот, учествува на Глобалниот самит во Белата куќа, во организација на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Ова е нејзиниот говор на Самитот кој МИА го пренесува интегрално:

https://expres.mk/makedonija/soprugata-na-premierot-mitskoski-na-globalniot-samit-vo-organizatsija-na-melanija-tramp/

„Ви благодарам, почитувана прва дама на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Меланија Трамп. Почитувани први сопруги, драги учесници, голема чест е да бидам тука со вас денеска. Начинот на кој децата учат, комуницираат и ја градат својата иднина се менува побрзо од било кога. Технологијата отвора нови можности за знаење и креативност.

Во одговорен и достапен начин во нашата земја, веруваме дека дигиталната писменост мора да започне од најрана возраст. Нашата цел е младите не само да користат технологија, туку и да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на реални проблеми. Клучен чекор во таа насока е програмата за училишта во 21-виот век, спроведена во партнерство со меѓународни организации и приватниот сектор.

Денес, 341 основни училишта и речиси 1.900 наставници во нашата земја се дел од оваа иницијатива, обезбедувајќи им на учениците модерни алатки за учење, вклучувајќи над 10.000 “микро-бит” уреди за програмирање. Преку оваа програма, децата развиваат логичко размислување, креативност и вештини за решавање проблеми кои се есенцијални за нивната иднина.

Сепак, дигиталните вештини мора да одат рака под рака со дигиталната безбедност. Затоа го воспоставуваме MK Safnet, првиот национален центар за побезбеден интернет како дел од европската мрежа на побезбедни интернет центри. Овој проект ги обединува институциите, универзитетите, граѓанското општество и приватниот сектор со една заедничка цел: создавање побезбедна онлајн средина за децата. Преку едукативни програми, 24/7 телефонска линија, училишни работилници и поддршка за родители и наставници, MK Safnet им помага на децата да препознаваат ризици на интернет, да ги заштитат своите лични податоци и одговорно да ја користат технологијата.

Како професорка во средно училиште, мојата визија е јасна. Технологијата мора да биде алатка која им помага на младите, а не ризик кој ги загрозува. Затоа соработката меѓу владите, училиштата, родителите, технолошките компании и меѓународната заедница е есенцијална за изградба на дигитален свет каде секое дете може безбедно да учи и да го достигне својот целосен потенцијал.

Дозволете ми да ја изразам мојата искрена благодарност до нашата домаќинка, Првата дама на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Меланија Трамп, за оваа важна иницијатива и за тоа што нè собра околу заеднички вредности. Ви благодарам за вашата посветеност.“/дј

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top