„Овој значаен инфраструктурен зафат претставува уште еден чекор кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните“ објави на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Овој проект произлегува како директно барање на жителите од овој дел на Керамидница, што уште еднаш потврдува дека нивниот глас е слушнат и преточен во конкретни дела.
Продолжуваме со силно темпо во реализацијата на инвестиции во патната инфраструктура, со јасна визија за модерно и поврзано урбано живеење. Секој нов проект значи поголема безбедност, подобра комуникација и поквалитетен живот за сите.
Во оваа насока, веќе во најскоро време започнуваме и со комплетна реконструкција на улицата 519 во Керамидница – една од главните сообраќајни артерии во оваа населба.
Со оваа реконструкција ќе се подобри протокот на сообраќај, безбедноста на учесниците и целокупниот изглед на просторот“, истакнува во објавата градоначалникот Стефковски.