Македонија

Израелската амбасадорка во Македонија сведок на заклетвата на Илинденските коњаници: Ми беше чест да бидам на трогателната церемонија

Сведок на уникатни традиции, молитви и национална гордост

Израелската амбасадорка во Македонија Вивиен Сјаен во неделата била сведок на заклетвата на Илинденските коњаници.

Ајсен која е новоименувана амбасадорка на Израел во Македонија акредитивите за амбасадорка до министерот за надворешни работи Муцунски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги предала минатата недела а веќе во неделата во манастирот Свети Јован Бигорски била дел, од како што вели, трогателната церемонија.

 

Ајсен на социјалната мрежа Х поранешен Твитер објави фотографии со Здружената коњаница ,, Бигорски Манастир – Патот на Патот на Црешовото Топче“ кои се симбол на оддавање почит кон илинденските идеали.

 

,,Ми беше чест да присуствувам на трогателна церемонија во Бигорски – најстариот македонски православен манастир – по повод почетокот на одбележувањето на „Илинденското востание.

Денес, Македонската коњаница доби оружје и благослов пред да го започне своето 7-дневно патување до Крушево, каде што ќе бидат пречекани од македонскиот народ.

Бев длабоко почестена што бев сведок на вакви уникатни традиции, молитви и национална гордост”, пишува Ајсен на социјалната мрежа Х.

 

Таа во Бигорскиот Манастир беше сведок и на уште една трогателна ситуација

Стефан и Марија се обврзаа на вечна љубов на македонските беспаќа кон Илинденско Крушево

Илинденски коњаник даде заклетва и запроси ,,комитка” (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top