Македонија

Ја охрабрувам Владата со предлозите за амбасадори, 67 отсто од луѓето се кариерни дипломати – вели Сиљановска-Давкова

Амбасадори на Македонија во светот

По шефот на македонската дипломатија, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, вели дека над 60 проценти од предложените кандидати за амбасадори во повеќе дипломатско-конзуларни претставништва се дипломати од кариера.

Без да споменува конкретни имиња, бидејќи во моментов постапката е класифициран податок, Сиљановска-Давкова рече дека нам како држава ни е многу важно кој не претставува надвор и додаде дека ја охрабрува Владата со вакви предлози.

„Законот за надворешни работи ја утврдува постапката, таа започнува од министерот за надворешни работи, преку Владата, па потоа ќе дојде кај мене. Сметам дека е најдобро во пополнувањето на испразнетите амбасадорски места да започнеме и акцентот да го ставиме на дипломати од кариера, и во моментов 67 проценти од предложените се луѓе од кариера“,рече Сиљановска-Давкова во изјава за медиумите.

Претседателката на државата потсети дека според Законот за надворешни работи потребно е 50 проценти од шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) да бидат дипломати од кариера, односно да доаѓаат од редовите на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а изрази надеж дека во иднина ќе се стигне и до 70 проценти на кариерни дипломати.

Сепак, додаде таа, тоа не значи дека не треба да се номинираат и луѓе надвор од дипломатската фела.

„Има држави во кои и новинари понекогаш се номинираат за амбасадори. Се работи за извонредни познавачи на проблематиката, тоа може да бидат и професори, тоа можат да бидат луѓе од бизнисот, важно луѓе кои ја знаат проблематиката, го познаваат јазикот на државата, говорат јазици и со дигнитет и интегритет може да ја претставуваат државата“, рече таа.

Затоа, како што додаде, во последните предлози има и луѓе од невладиниот сектор, кои, според неа, се одлични познавачи на проблемите што треба да ги претставуваат надвор.

Претходно денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, потврди дека на седницата на Владата, одржана во вторникот, предложил повеќе имиња за пополнување на местата во повеќе дипломатско-конзуларни претставништва. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, Муцунски во тој контекст кажа и дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори и генерални конзули се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството, со богата дипломатска кариера од повеќе од 20 години.

Муцунски: Испраќаме повеќе професионалци во нашите амбасади

Најнови вести од: Македонија

Дали навистина поскапел лебот и зеленчукот во повеќе градови од Македонија?!

Откако горивата имаат повисока цена, следн на удар е лебот. Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари. Најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани. Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари.

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

Македонците нека заборават летување во Грција како порано, има куп причини

Ако кризата продолжи, Медитеранот би можел да се соочи со една од најнеизвесните туристички сезони во последните децении, каде главното прашање веќе не е каде да се оди на одмор, туку – дали воопшто да се патува.

Мицкоски: Ако нема основa за поскапување на лебот – ќе следат казни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе ја анализира состојбата со цената на лебот и ќе преземе мерки, ако се утврди дека има неоправдано зголемување, посочувајќи дека во спротивно ќе следуваат казни.

Ново семејно насилство во Скопје: М.С. (24) со нож им се заканувал на сопругата (24) и на нејзините родители, па ги нападнал!

На 31.03.2026 во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко.

Мицкоски: Граѓаните мора да ја дознаат вистината за 27 април и луѓето, осудени за тероризам, за авантурата со СЈО и милионските хонорари за неговите „обвинители“!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам за случајот од 27 април 2017 година, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на надлежностите за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, за случаи во енергетиката, во доменот на јагленот, дали постојат фирми што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти…

Внимавајте: Онлајн измамници украле над 44.000 евра од македонска фирма

Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.

To top