Македонија

Јаковлеска тврди дека во полето за работа можела да напише дека е советничка на претседателката Сиљановска-Давкова

Во полето за работа секој можел да пише што си сака, тврди Јаковлеска

Правничката и фитнес тренер Луција Јаковлеска која на социјалните мрежи имаше објавено дека е советник на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова тврди дека со лажно претставување како дел од кабинетот на шефицата на државата не згрешила ништо.

Јаковлеска смета дека во полето за работа на Фексбук секој може да напише што сака.

Согласно законот за граѓанска одговорност expres.mk ја објавува реакцијата на Јаковлеска:

,,Во прилог на изнесениот текст кој беше објавен од страна порталот Експрес.Мк сакам да демантирам дека: Во ниеден момент, во ниедна установа не сум го користела зборот Советник на Претседател, ниту за моја корист ниту за корист на било кој…

Како граѓанин на Република Македонија сум ги подржувала ставовите на Претседателката, сум споделувала нејзини објави во кои била тагната, за тоа админот на страната автоматски бил свесен…

Изворот на кој се повикува порталот е нерелевантен, фејсбук.. Во полето за работа може да пише кој што сака…
Со должна почит
ЛУЦИЈА ЈАКОВЛЕСКА”.

Експрес.мк вчера од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа доби информација дека лице со овие генералии не било ниту е дел од кабинетот.

Повеќе детали

Фитнес тренер лажно се претставува дека е советничка на претседателката Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

To top