Македонија

Јаневска: Од септември 2026 ќе има над три илјади првачиња помалку од лани

Се намалува и бројот на студенти.

„Оваа година бројот на ученици во средните училишта е намален, но не е драстично. Бројките не се дефинитивни зашто има и трет уписен рок во август, но бројката во основно училиште е значително намалена. И таа не е дефинитивна затоа што уште ќе се запишуваат, и се надевам дека малку ќе опадне бројката, но е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што морам да кажам, но тоа е факт, некаде околу 4.900 првачиња помалку има од лани до оваа година. Колку и да се запишат, уште две да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3.000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја“, рече Јаневска.

Во врска со интересот за студирање, Јаневска рече дека во однос на образование, не на пазар на труд, дефицитарни се математика, физика и географија, а во одредени делови во земјата станува проблем македонскиот јазик.
„Пазарот на труд е одлично покриен со информатика, електротехника, машинство, тие се во 90 и повеќе проценти вработени. Имаме недостиг на работни места за дел од општествените науки. Економија е одлично покриена и тие се речиси сите вработени. Право малку послабо, но веќе станува проблем со дел од дел од педагошките, јавна администрација, политички, разни типови на науки, тука веќе вработеноста опаѓа и секоја година опаѓа. Затоа оваа година направивме мала рестрикција во квотите. Факултетите ги распишуваат конкурсите според она што им е одобрено во акредитација“, рече Јаневска.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Предавниците, кои тајно преговараа, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност!

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Венко Филипче ја сведе маргините – во едно соопштение мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Муцунски: Идејата за уставни измени стана политички токсична, бидејќи се направија премногу отстапки!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски порача дека Македонија заслужува предвидлив и доверлив пат кон полноправното членство во Европската Унија, оценувајќи дека граѓаните се уморни од постојаното „поместување на стативите на голот“. Оваа изјава тој ја даде за денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“. Притоа Муцунски истакна дека „идејата за уставни измени станала политички токсична“, поради, како што истакна, „премногуте направени отстапки“, а од друга страна и сомнежот дека Бугарија ќе поставува нови барања во иднина.

Најнови вести

To top