Македонија

Јаневска: Синот на пратеникот Милошоски не добил стипендија од МОН!

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите на социјалните мрежи дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за време на настанот за поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Братство“, рече дека нејзиниот потпис стои на стипендиите за студии на најдоброрангираните, односно така наречени „шангајски“ универзитети, но оти меѓу нив не се наоѓа името на Милошоски.

„Не знам што сè се пишува по општествените мрежи. На нашите општествени мрежи има многу лажни вести. Јас лично ги потпишувам стипендиите за шангајските универзитети, најдобрите. Не е потпишано за презимето Милошоски. Оттука сметам дека ова е апсолутно лажна вест и злоупотреба на името на пратеникот. Значи, Министерството за образование и наука не доделило стипендија на синот на Антонио Милошоски“, истакна Јаневска.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top