Македонија

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница

ИЗВОР: КУРИР

За да може да полагаат за возачка дозвола, доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Ромите што бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи се неписмени.

Министерката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница.

– Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години, или сигурно до 25, тие преку Центарот за образование на возрасните добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некакво образование соодветно на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн. – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи и дека МОН ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за да се зголеми опфатот, односно вклучувањето на ромските деца во училиштата,бидејќи, како што рече, се случува тие да бидат запишани, но да не доаѓаат на училише и да ја напуштаат наставата.

Најнови вести од: Македонија

Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Денеска и утре ќе биде во Скопје, при што ќе одржи средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претставници на државниот врв, а негова средба е најавена и со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

To top