Македонија

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од Управата за финансиска полиција информираа дека во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари.

И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.

Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата. На овој начин, на АД „Пошта на Македонија“ му била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата, стои во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

To top