Македонија

Сиљановска-Давкова од Париз: Нема целосна Европа без стабилен Западен Балкан

„Политичкиот вакуум никогаш не трае долго“, а тоа особено важи за Балканот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.

Таа на панелот истакнала дека светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се оформени.

Потсетувајќи на Антонио Грамши за концептот „interregnum“, Сиљановска-Давкова предупреди дека токму во такви периоди се создава простор за политички вакуум и геополитички ризици, бидејќи, како што нагласи, „политичкиот вакуум никогаш не трае долго“, а тоа особено важи за Балканот, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

Зборувајќи за европската перспектива на регионот, Претседателката порача дека земјите од таканаречениот Западен Балкан не се периферија на Европа, туку нејзин природен географски, историски и културен дел.

Сиљановска-Давкова посочила дека Македонија 21 година има кандидатски статус и дека зад неа стојат 17 позитивни извештаи, но и покрај тоа сè уште не го започнала преговарачкиот процес.

Говорејќи за бројните уставни измени, Сиљановска-Давкова ја отворила и суштинската дилема за суверенитетот и демократскиот легитимитет, потсетувајќи дека Уставот не е само највисок правен акт, туку и општествен договор.

„Мојот суверенитет извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. И мојот легитимитет исто така“, порачала Претседателката, повикувајќи на владеењето на правото, како и почитување на човековите права и слободи.

Наместо само да бара од земјите од Западен Балкан да бидат поотпорни, Европската Унија треба да ја зајакне нивната отпорност со забрзување на процесот на нивната интеграција во ЕУ, изјавила претседателката.

Претседателката предупредила дека во современиот свет, обележан со вештачка интелигенција, дигитализација и нови форми на хибридни закани, одговорот не може да биде само надворешна отпорност, туку и внатрешна демократска и институционална цврстина.

Одговарајќи на прашањето за протестите во повеќе европски земји, во кои особено активно учествуваат младите, таа нагласила дека тие не треба се третираат само како иднината, туку како рамноправни учесници во сегашноста и во процесите на одлучување.

Според неа, односот кон младите мора да се темели на почит, еднаквост, охрабрување и нивно активно учество во носењето одлуки. За неа, дијалогот меѓу генерациите е предуслов за опстанок во свет кој повеќе не може да се гради врз изолираност.

На крајот, таа порачала дека Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан, а европската безбедност не може да се одвои од безбедноста на регионот.

На панел дискусијата учествувале и литванскиот претседател, Гитанас Науседа и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

Важност на новиот предложен Кривичен законик, заради членство во европската платежна зона: построги одредби за перење пари и конфискација

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за полагањето на правосудниот испит: Законите да се темелат врз Уставот и европските стандарди

Владата на денешната седница ја усвои потребата за добивање итно мислење од Венецијанската комисија во врска со предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надѕорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Најнови вести

To top