Македонија

Јанкулоска се сомнева дека судењето за мерцедесот се одвивало на „Бихаќка“

Службеното возило Мерцедес за кое беа осудени Јанукоска, Груевски и уште едно лице се уште е во возниот парк на владата и во него постојано се возат највисоки странски гости

Екс  министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се сомнева дека судењето за Мерцедесот за кој таа одлежа затворска казна не се се одвивало пред суд туку во седиштето на СДСМ на Бихаќка.

Сомнежот се базира на реакцијата на СДСМ на процесот поврзан со нејзиниот предмет пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде се утврдуваат повреди на правично судење.

,,Зошто СДСМ би се нашле засегнати и повикани за коментар за апликација пред ЕСЧП во која се бара да се утврди повреда на Правото на правично судење која ја сторила некоја “независна” судијка во некој предмет што се водел пред Кривичниот суд, небаре предметот се судел кај нив во штаб?

Ама според реакцијава, изгледа сепак таму се судел”, смета Јанкулоска.

Службеното возило Мерцедес за кое беа осудени Јанукоска, Груевски и уште едно лице се уште е во возниот парк на владата и во него постојано се возат највисоки странски гости.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top