Македонија

Јанкуловски: Потребно е да се избере нов државен јавен обвинител, сегашниов се поставува над законот и е неспособен за таа функција!

„Криејќи се зад барањето за политичка независност, државниот јавен обвинител се поставува над законот и волјата на оние, што го бираат на таа функција. Неговите правни аргументи за останување на функцијата по секоја цена не ја носат тежината на правдата – но на политиката секако. Досега не видовме како се бори за вистината и достоинството на професијата и како да се избори за правдата во општеството, но видовме како се бори „бескомпромисно“ за својата позиција. Тој искажува неспособност, незнаење и некомпетентност на ваква одговорна функција. Затоа, не смее и не може веќе да се одложува изборот на нов државен јавен обвинител.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Независноста како смоквин лист на некомпетентноста“.

Во колумната, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“, покрај другото, Јанкуловски истакнува: Универзална практика е дека во најголем дел обвинителите не треба да бидат независни, туку неутрални, или неполитички во нивното донесување одлуки. Ваквата посветеност на неутралноста и непристрасноста не треба да ги заслепи реформаторите за политичката природа на процесите, во кои функционира обвинителството, како што тоа го замислува државниот јавен обвинител. Но, зарем може да очекувате да го разбере ова долгогодишен „потпросечен студент по право“, кој е експонент на еден „пиљарски“ претставен правен систем од поранешната власт? Срамот што го носи е голем, и за него и за професијата, во која предводат најлошите предводат. Но, тоа е прашање на лично достоинство и на достоинство на професијата, што ја врши.

Само Македонија може „дебело“ да плаќа неспособни и некомпентентни поединци на високи државни позиции. Имаме сериозна фалинка во системот на кривична правда кога дозволуваме оние, што ги „мереа“ ходниците на Правниот факултет во Скопје со години (ние ги викавме вечните студенти) и со судни маки ги полагаа испитите, да станат клучен фактор во државата, идентификуван како чувар на законитоста, уривајќи ја довербата во правниот систем. Се фаворизираат луѓе на високи позиции во системот на кривичната правда сo ниско ниво на правна писменост. Кога државата и политика свесно ќе го закопаат вистинското знаење и талент, некомпетентните луѓе се искачуваат на врвот во сите видови организации, затоа што се сигурни дека политиката ќе ги поддржи. Она од што секој систем на кривична правда би се срамел – правната неписменост – кај нас не е хендикеп. Тоа е сликата на вистинското вложување во луѓето во правосудството и обвинителството што го направи претходната влада.

Зарем може да очекувате правно неписмени поединци, потпросечни студенти на Правниот факултет, дека ќе бидат способни да се борат против криминалот и да ја делат правдата во општеството? Еден таков веќе испративме во срамната историја на нашиот правен систем. За другиов, ќе причекаме изгледа. Тоа се тие пропаднати инвестиции во правосудството и обвинителството, за кои говорат странските амбасадори. Само во Македонија тогата и вагата се потценети во рацете на вакви луѓе водени, од политички интереси, претворајќи ги во алатки за унапредување на корумпираните, на кои народот им дал овластување да се борат. Отворената политизација на обвинителството е најлошиот вид корупција на владеењето на правото, што ѝ се случува на Македонија“. Затоа јавноста ја изгуби довербата во многумина и во нивната способност да делат правда во општеството.Таквите луѓе ја обесчестија лството честа на обвинителскатапрофесија – за нив постојат само корист и интерес.

Обвинителството е институционален актер вграден во политичкиот процес. Но обвинителите треба да бидат неутрални, или неполитички во нивното донесување одлуки. Но, зарем може да очекувате да го разбере ова долгогодишен „потпросечен студент по право“, кој е експонент на еден „пиљарски“ промовиран правен систем од поранешната власт? Очигледна е намерата преку фаворизирање на обвинителската независност над отчетноста, да се прикријат случаите на злоупотреби на моќта во македонското обвинителство. Со неефикасни механизми за надзор, злоупотребата на моќ од страна на обвинителството со години остана неказнета. Таа практика продолжува и денес. Затоа е нужна промената која никако да се случи. Доста си играат криенка зад независноста на обвинителската функција. – заклучува професорот Јанкуловски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Маскирани насилници во скопско Маџари претепале дете и тоа го снимале!

Маскирани лица во неделата напладне на фудбалското игралиште во населбата Маџари, во Скопје, физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобилен телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

To top