Македонија

Како е можно да живеат во странство, а да добиваат помош од Македонија?! 

Неколку лица кои живеат во странство си добивале помош од државата. Поднесена е пријава против седум вработени во Центарот за вработување – Струмица. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење […]

Неколку лица кои живеат во странство си добивале помош од државата. Поднесена е пријава против седум вработени во Центарот за вработување – Струмица. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените-вработени во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Струмица, во системот на АВРМ пријавиле лица државјани на Македонија како активни баратели на работа, кои биле надвор од државата, и на тој начин постапиле спротивно од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Лицата кои биле во странство користеле и гарантирана минимална помош, а која требало да биде укината и со тоа на државата и нанеле штета во вкупен износ од 333.968 денари.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

To top