Македонија

Како во времето на Сталин: Го избришаа Маск од слика со Трамп!

Монтажа од Трамп и Маск се шири на социјалните мрежи. На една слика, тројца мажи, од кои двајца се Трамп и Маск, шетаат покрај река. На сликата подолу, Маск е избришан, нема никаква трага од него. Иако изгледа како уште еден мем кој станува сè почест, особено по појавата на алатките за вештачка интелигенција, оваа […]

ФОТОМОНТАЖА

Монтажа од Трамп и Маск се шири на социјалните мрежи. На една слика, тројца мажи, од кои двајца се Трамп и Маск, шетаат покрај река.

На сликата подолу, Маск е избришан, нема никаква трага од него.

Иако изгледа како уште еден мем кој станува сè почест, особено по појавата на алатките за вештачка интелигенција, оваа слика всушност има историска основа. Таа е една од првите монтажи некогаш, а потекнува од СССР.

Еве го оригиналот:

Една од најпознатите манипулирани фотографии од 20 век го прикажува советскиот лидер Јосиф Сталин како шета покрај реката Москва во друштво на своите соработници. Во оригиналната верзија, направена околу 1937 година, Сталин е во друштво со Николај Јежов, тогашен шеф на озлогласената советска тајна полиција НКВД и еден од главните спроведувачи на Големата чистка.

Неколку години подоцна, самиот Јежов стана жртва на политички пресметки: беше обвинет за предавство, мачен, принуден да признае и погубен во 1940 година.

После тоа, советските пропагандисти започнаа систематско бришење на сите траги од неговото постоење. Фотографијата беше ретуширана – Јежов беше исечен, а на негово место беа вметнати вода и позадина, како никогаш да не бил таму.

Оваа слика стана симбол на тоталитарна контрола врз вистината.

Во Сталиновиот СССР, историјата не само што беше напишана – туку беше и избришана.

Луѓето кои „паднаа од наклонетост“ исчезнаа не само од политичкиот живот, туку и од архивите, книгите и фотографиите.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top