Македонија

„Какво бесценето чувство!“: Турунџиева за споменикот на славниот предок во Битола

„Не, не било сон. Тука е, Турунџе е тука“, го сподели пејачката своето одушевување на Фејсбук

Македонската пејачка Сузана Турунџиева не го крие одушевувањето од конечното испочитување со споменик во Битола на нејзиниот славен предок, војводата Александар Турунџев, на 120-годишнината од погубувањето на великанот на македонската револуционерна борба со бесење на тогашниот Ат-пазар.

„Какво бесценето чувство 🥰!

Стануваш од спиење и се прашуваш дали она вчеравечер беше сон или реалност?
Погледнуваш низ прозорец, го гледаш дека е тука и си велиш: ‘Не, не било сон🙏 Тука е, Турунџе е тука! Конечно!!!
А мајка ти те чека со сварен чај од душата на мајката… Си седнуваш на тераса и гледаш во сонот кој стана реалност🙏🙏🙏 а луѓе непрестано доаѓаат, му се поклонуваат и се сликаат…
Отсега нашиот стан нема само материјална и емотивна вредност🥺❤️. Отсега има и историска вредност.
Фала ти животе 🙏❤️“, ги сподели Турунџиева своите емоции на Фејсбук.
„Браво Општина Битола 👏👏👏👏👏, браво Градоначалник Тони 👏👏👏“, додаде во друга објава пејачката, која ја отпеан македонската химна пред свеченото откривање на споменикот на македонскиот јунак чиј потомок е.
 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top